Заменик градоначалникот на Град Скопје поднесе неотповиклива оставка
Заменик градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски поднесе неотповиклива оставка.
Тој во своето излагање пред советниците на Советот на Град Скопје ги наведе причините што го довеле да го преземе овој чекор.
Трајановски, меѓу причините за неговата оставка ги наведе раководењето со Град Скопје и со јавните претпријатија, како што ја нарече, на група од Сарај од ДУИ.
Тој посочи дека на почетокот при преземањето на раководењето на градот, Данела Арсовска посочуваше дека ќе се бори со оваа група која ги партизираше институциите што.
-Денес, градоначалничката на Град Скопје токму од таа екипа назначува директори. Од кал да е, од Сарај да е, директор ќе биде. Изминатава година, Град Скопје со сите ресурси и капацитети работи на проекти исклучиво во Сарај, како да не постојат останати општини во Скопје, рече Трајановски.
Исто така, Трајановски истакна дека неотповикливата оставка ја поднесува и поради малтретирањето на инвеститорите и постојаниот мобинг врз вработените, како поради напуштањето на програмата за „Модерно Скопје“.
Поради неконзистентноста на јавните политики, неконзистентноста на департизацијата на јавните претпријатија, поради неконзистенстноста во назначувањето и именувањето на директори во јавните претпријатија и институции и поради целосно напуштање на програмата на „Модерно Скопје“, поради безидејноста во справувањето со проблемите на градот и општините, поради незрелата политичка пресметка со градоначалниците на сите скопски општини, освен Сарај, заради секојдневното малтретирање на граѓани, инвеститори, стопанственици домашни и странски, како и поради постојаниот мобинг и изживување, репресирање на вработените во Градот и јавните претпријатија, истакна Трајаноски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…