Заменик-министерката Манолева за скандалот на Онкологија: Ова е напад врз животот и здравјето
По скандалот што ја тресе Клиниката за онкологија, со свој став се јави и заменик министерката за здравство, Маја Манолева, која оцени дека со ова се прави напад врз здравјето и животот и побара одговорност.
„Јас како заменик-министерка, но и како доктор, сум згрозена од наводните постапки во случајот на Клиниката за онкологија и најостро ги осудувам тие акти што на бесрамен и криминален начин некој се обидел да заработува врз грбот на нашите пациенти и нивната борба за живот.
Навистина ми е жал за сите пациенти кои биле жртви на оваа криминална мрежа и се надевам дека правдата ќе биде задоволена во нивно име. Ваквиот тип на злоупотреба е напад врз животот и здравјето на нашите сограѓани кои се борат против тешки болести, а исто така, ставаат и црна точка врз медицинската професија, што е спротивно на она за кое ние како медицински персонал се залагаме, а тоа се хуманоста и човечкиот живот.
Нашата одговорност како министерство за здравство е да се бориме против секоја форма на злоупотреба и корупција во здравствениот систем. Како одговорни лица, ќе соработуваме со судските вештаци за да се откријат сите виновници и истите да бидат извадени пред лицето на правдата. Исто така, ќе ги поддржиме сите мерки кои ќе се преземат за заштита на пациентите.
Со целосна поддршка на акцијата на МВР и ОЈО треба да покажеме дека имаме нула толеранција кон криминалот и злоупотребата во здравствениот систем. Нашата цел е да обезбедиме квалитетна и безбедна здравствена услуга за сите наши граѓани, и оваа акција е важен чекор кон постигнување на таа цел“, истакна Манолева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вашингтон бара ЕУ да ослободи дизел од…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Трамп: Војната со Иран ќе заврши „многу,…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Борисов прашува што ќе даде за возврат…
Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов вели дека…
Попpeчена активност на криминално верско радикална групација
Агенцијата за национална безбедност во координација со…
Трамп на прашањето зошто Северна Кореја може…
Американскиот претседател Доналд Трамп се повика на…