Заменик министерот за одбрана: Владата ги развива капацитетите за сајбер безбедност
Владата на Македонија посветува посебно внимание на развојот на сопствените капацитети за сајбер безбедност, чија главна цел е заштита на националните интереси на државата, истакна заменик министерот за одбрана на Македонија, Башким Хасани кој учествуваше на конференцијата во Софија за прашањата на одбраната и кибер-безбедноста на земјите од Југоисточна Европа, јави дописникот на МИА од Софија.
Во рамките на дискусијата посветена на влијанието на војната во Украина врз развојот на вооружувањето и тоа дека руската инвазија суштински ја промени светската агенда во однос на геополитичките процеси, безбедносни, економски и хуманитарни аспекти кои влијаат на безбедносниот аспект во Југоисточна Европа, тој истакна дека се соочуваме со кибер, хибридни и други асиметрични закани, кои вклучуваат и кампањи за дезинформација.
На конференцијата учествуваше и поранешниот македонски премиер Владо Бучковски, кој рече дека Русија влијаела на развојот на регионалните процеси, посочувајќи на нерешениот дијалог меѓу Белград и Приштина, поддршката на одредени сили во Босна и Херцеговина, политичката криза во Црна Гора, како и обидот за одржување референдум против Договорот со Бугарија од страна на опозицијата, кој, според него, создава ризик за политичката стабилност во односите меѓу Софија и Скопје.
Форумот е организиран од израелската платформа ImImprovate, а домаќин е Росен Плевнелиев, претседател на Бугарија (2012 – 2017), кој е во советодавниот одбор на платформата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…