Заменик министерот за социјални политика, Велковски: Во приватниот сектор има солидни плати, парите не се фактор затоа што младите заминуваат
Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21 истакна дека во приватниот сектор има солидни плати.
„Денес како што гледате во Македонија платите, освен оние кои што работат во државната администрација кои што дефакто викаат дека им се ниски платите нели одредени примања согласно звањата кои што ги обработуваат, во приватниот сектор денеска не само што имаме солидни плати, имаме и недостаток на работна сила којашто се бара постојано. Недостатокот на сила ги зголемува платите по природен пат“, вели Велковски.
Како што вели, парите не се фактор затоа што младите заминуваат.
„Елементот на домување односно да имаат сопствен дом, бидејќи денеска голем број од младите веќе се одцелуваат на нивните рани години, така да живеат сопствен живот. Знаеме колкава е цената на становите пред се во Скопје па и во другите градови каде што квадрат надминува над 1800 до 2000 евра квадрат, којшто така на таа квадратура чини многу средства и ќе треба 30 години од својот живот некој да го потроши за да може да купи сопствен објект“, вели Велковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заменик министерот за социјални политика, Велковски: Во…
Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади,…
(Видео) Габриела со лекција за Коњановсен: Горди…
Незаисната кандидатка за градоначалник на Општина Битола,…
Висок дневен пад на вредноста на доларот!
Вредноста на американскиот долар денеска се намали…
Српските студенти во блокада повикаа на голем…
Српските студенти во блокада ги повикаа граѓаните…
Макрон: Ја потценивме Русија
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не…