Заменик министерот за социјални политика, Велковски: Во приватниот сектор има солидни плати, парите не се фактор затоа што младите заминуваат

t

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21 истакна дека во приватниот сектор има солидни плати.

„Денес како што гледате во Македонија платите, освен оние кои што работат во државната администрација кои што дефакто викаат дека им се ниски платите нели одредени примања согласно звањата кои што ги обработуваат, во приватниот сектор денеска не само што имаме солидни плати, имаме и недостаток на работна сила којашто се бара постојано. Недостатокот на сила ги зголемува платите по природен пат“, вели Велковски.

Како што вели, парите не се фактор затоа што младите заминуваат.

„Елементот на домување односно да имаат сопствен дом, бидејќи денеска голем број од младите веќе се одцелуваат на нивните рани години, така да живеат сопствен живот. Знаеме колкава е цената на становите пред се во Скопје па и во другите градови каде што квадрат надминува над 1800 до 2000 евра квадрат, којшто така на таа квадратура чини многу средства и ќе треба 30 години од својот живот некој да го потроши за да може да купи сопствен објект“, вели Велковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volkswagen размислува за затворање на четири фабрики…

Volkswagen ќе направи сè што може за…

Од утре пензиите ќе бидат зголемени, но…

Од 1 септември, во согласност со Законот…

28-годишник од Кичево ја нападнал својата мајка

На 30.08.2026 во 17:45 часот, полициски службеници…

„Нелегалниот“ премин кај Бит пазар станува легален:…

Скопје најавува промени во сообраќајот и јавниот…

Mу се слошило и паднал од висина:…

На 30.08.2026 во 17:45 часот во СВР…