Српските студенти во блокада повикаа на голем собир на 1 ноември во Нови Сад
Српските студенти во блокада ги повикаа граѓаните во државата да бидат на собир во Нови Сад на 1 ноември, на годишнина од падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град.
„Следниот месец се навршува една година од падот на бетонската настрешница. Ние, студентите, ве повикуваме да одржите помен низ цела Србија, но и да бидете со нас во Нови Сад, централното место на таа трагедија и солидарност со нашите колеги од Универзитетот во Нови Сад, како и со семејствата кои ги загубија децата, роднините, пријателите“, наведе студент, пренесоа српски медиуми.
Истиот повик беше испратен и од Нови Сад.
Голема колона луѓе од Нови Сад денеска пристигна на железничката станица како дел од комеморативната прошетка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…