Заминале во ЕУ: Албанците ја напуштаат Албанија
Податоците на државниот Институт за статистика, ИНСТАТ, потврдуваат дека во изминатите 7 години во просек годишно Албанија ја напуштаат по околу 37.000 граѓани, односно 1,2 отсто од населението или 101 граѓанин секој ден.
Според експерти, загрижува фактот дека околу 80 отсто од нив се најактивната возрасна група за работа, 15-44 години.
– Во Албанија се зголемува загриженоста за падот на работната сила, речиси во сите сектори на економијата, но најпогодени се туризмот, земјоделството и услужните дејности. Барањата за работа се помали од понудите на пазарот. Владата треба да промовира политики во споменатите важни сектори што се погодени од таа криза, оценуваат експерти.
Надлежните пак тврдат дека подготвиле повеќе иницијативи, како онаа за младинска гаранција и за унапредување на вработувањето, со цел, главно, да се спречи заминувањето на младите од државата.
Во првите 6 месеци од годинава во канцелариите за вработување се регистрирани 13.000 барања за работа од 20.000 слободни работни места, а посредувани се 12.000.
За експертите трите последователни кризи, онаа по катастрофалниот земјотрес што земјата ја погоди во ноември 2019, пандемијата Ковид-19 и руската агресија во Украина имале свое влијание
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…