Занаетчиите го поддржуваат бојкотот, повикуваат граѓаните да пазарат кај малите занаетчии
Занаетчиската комора го поддржува најавениот бојкот на маркетите и повикува граѓаните да направат поправеден избор и да пазарат кај малите занаетчии, информираа денеска од ЗКРСМ.
-Целосно го поддржуваме бојкотот на маркетите, меѓутоа апелираме до граѓаните секогаш кога ќе имаат можност да купат леб, други прехранбени продукти во занаетчиските пекари, други дуќани за да се поддржи локалното производство. Воедно, апелиравме и до занаетчиите да ги намалат цените на своите продукти, изјави претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији.
Од ЗКРСМ велат дека цените кај малите бизниси и занаетчиите се пониски и подостапни за сите. Во петок цените кај занаетчиите ќе бидат за десет проценти пониски за купувачите.
-Ова е мал, но важен чекор за да покажеме дека локалната економија може да ги поддржи граѓаните со поправедни цени и подобар квалитет. Апелирам секогаш кога се во можност, не само за време на бојкотот, туку секогаш, купувачите да избираат продукт кај малите занаетчии, повика Фазлији.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изрази загриженост за…
За 69 отсто зголемени пријавите за семејно…
Бројот на пријавени случаи на семејно насилство…
Тинејџер уби човек по групна тепачка пред…
Маж на 32-годишна возраст ноќеска бил убиен…
Мицкоски: Практичниот дел од правосудниот испит ќе…
Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека предложеното решение…
АХВ најави вонредна контрола во млекара по…
Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…