Западни медиуми: Путин го разрешил генерелот Герасимов?
Рускиот претседател Владимир Путин го отпушти Валериј Герасимов, главниот генерал задолжен за војната против Украина.
Генералот Валери Герасимов (67) беше сменет за помалку од шест месеци откако беше назначен на функцијата, а на негово место дојде генерал-полковник Михаил Теплински.
Драстичниот потег на Путин, кој се уште не е официјално потврден, го претставува најновиот пресврт во командата на неговата речиси 17-месечна инвазија на Украина.
За време на војната, рускиот претседател отпушти неколку водачи, меѓу кои и генерал-полковник Михаил Мизинцев, познат и како „Мариуполскиот касап“, како и генералот Рустам Мурадов, кој стоеше зад масакрот во Вухледар на почетокот на оваа година.
Герасимов ќе остане на чело на руските вооружени сили како началник на Генералштабот, но целокупната одговорност за војната сега е на Теплински (54), командант на воздушните трупи на земјата, објави „Москва тајмс“, цитирајќи го провоениот З- канал.
Разрешување на Герасимов бараше Евгениј Пригожин, газдата на Вагнер, кој во меѓувреме беше протеран од Русија по обидот за пуч.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…
Трамп побара од ЕУ да го притисне…
Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…