Западни медиуми: САД се изморија од непристојното однесување на Зеленски
Владата на Соединетите Американски Држави се повеќе е уморна од непристојното однесување на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пишува аналитичарот на магазинот „The Hill“, Даглас Мекинон.
Зеленски се однесува како разгалено, чудно дете кое добива се што ќе посака, но тоа сепак не му е доволно“. Многумина во американската влада и многу наши граѓани се уморни од неговото однесување. Ве уверувам, тој ги „руши сите мостови“ во Европа“, рече новинарот, цитирајќи ги зборовите на поранешен висок соработник на Пентагон.
Авторот наведува дека незадоволството на украинскиот лидер во врска со испораките на ново оружје на НАТО или членството на Украина во тој сојуз во последно време е се погласно и поемотивно, што баш и не ги радува неговите западни спонзори.
Во моментов, темпото и обемот на поддршката на Киев не се променија како резултат на тоа, но аналитичарот претпоставува дека трпението на Западот со испади на Зеленски можеби е намалено.
Во петокот, Зеленски го отпушти амбасадорот во Велика Британија, Пристаик, кој претходно ги критикуваше неговите зборови за неговата подготвеност секое утро да му се заблагодарува на британскиот министер за одбрана Бен Валас за воената помош.
На веб-страницата на претседателот на Украина не се наведени причините за таа одлука.
Еден од членовите на украинскиот парламент изјави за американскиот магазин „Њусвик“ дека овој чекор „го одразува расположението и атмосферата во Киев за време на војната“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
33% – Поддршката за Трамп падна на…
Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Си Џинпинг пристигнува во САД на 23…
Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе отпатува во…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…