Запалена кола на италијанска дипломатка во Атина: Одговорноста ја презеде анархистичка група
Анархистичката група „Јадро на одмазда Карло Џулиани” ја презеде одговорноста за запалениот автомобил, минатата седмица, на првата советничка во амбасадата на Италија во Грција Сузана Шлајн, јави дописничката на МИА од Атина.
Во опширниот и детален текст објавен на анархистички сајт, групата ги објаснува причините за нападот што е во знак на поддршка и солидарност за италијанскиот затвореник и анархист Алфредо Коспито, кој од 20 октомври штрајкува со глад, против, како што пишуваат, строгиот затворскиот режим воведен со членот 41 од италијанскиот закон за (41-бис).
-Со погледот насочен кон социјалната револуција и меѓународната солидарност решивме да испратиме наш сигнал на солидарност до другарот и борбата што ја води против режимот 41- бис. Избравме да ги нападнеме возилата на првата советничка на италијанската амбасада во нејзината приватна резиденција на улицата Блеса бр. 68 во Папагу. Се појавивме во ноќта и се изгубивме во неа, ефективно заземајќи став во војната што ја живееме. Војна во која мора да бидеме во офанзива барајќи правда, соопштуваат од анархистичката група.
Минатиот петок, со експлозивен материјал, веројатно молотов, беше запален паркираниот автомобил на дипломатката, нападот го осуди грчкото МНР, а преку Твитер, реагираше и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија Антонио Тајани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…