Запалена куќата на вујкото осомничен за убиството на 11-годишното девојче во Грција
Куќата на вујкото, кој е осомничен за убиство и обид за силување на 11-годишното девојче во Грција, вчера пред нејзиниот погреб била опожарена.
Објектот бил запален неколку минути пред погребот на малата Василика која исчезна во неделата, а нејзиното тело со бројни повреди беше пронајдено во понеделникот на нива, пренесуваат медиумите во регионот.
Осомничениот за убиството признал дека сакал да има односи со девојчето, но кога таа го одбила и се заканил дека ќе им каже на родителите и ја избодел со шрафцигер и и го фрлил телото во поле.
Локалните медиуми јавуваат дека група непознати лица фрлиле факели кон домот на вујкото, а се верува дека станува збор за чин на одмазда за бруталната смрт на девојчето.
Пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот и го локализирале пожарот, а како што се наведува, во куќата во моментот на нападот не биле членовите на семејството на осомничениот, бидејќи претходно го напуштиле селото, стравувајќи дека може да се случи такво нешто.
Според написите, бројни членови на семејството на убиената девојка и нивни пријатели сакале да го линчуваат осомничениот додека тој вчера беше донесен во обвинителството да даде исказ. На крајот, обвинителот мораше да оди во притворското одделение за да го сослуша осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Русија го нападна украинскиот енергетски сектор…
Русија го нападна украинскиот енергетски сектор и…
Трамп официјално го поддржа Нетанјаху пред изборите…
Американскиот претседател Доналд Трамп официјално му даде…
Трагедија во гостиварско: 59-годишен возач загина откако…
59-годишен жител на Гостивар го загубил животот…
ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот…
Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…
Паника и неизвесност: Граѓаните во Литванија во…
Граѓаните во централните и во северните делови…