ЗАПАЛИЛ ТУЃ МЕРЦЕДЕС ЗА ПАРИ: Прилепчанец и негов сограѓанин лишени од слобода, го признале делото

t

На 20.12.2023 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода В.Б.(34) и Д.М.(22) од Прилеп, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.

Имено, на 19.12.2023 на ул. Кире Базерко во Прилеп, на барање на В.Б., Д.М. со запалива течност предизвикал пожар на патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.М.(50) од Прилеп, за што добил пари од В.Б. Со двајцата лишени од слобода извршени се службени разговори во полициска станица, при што тие го признале делото.

Денеска (21.12.2023) до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност” од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Најверојатниот иден премиер на Србија: Иран…

Дејан Шошкиќ од српската Студентска листа го…

Рокас: Годинашниот извештај е подобар од претходниот,…

Евроамбасадорот Михалис Рокас оцени дека Македонија во…

Последен пат го направи ова денот кога…

Руското Министерство за надворешни работи повторно им…

Остар пад на Волстрит: Се избриша постизборниот…

Американските берзи забележаа силен пад во четвртокот,…

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите…