Заплена на 745 килограми кокаин во Хрватска, најголема во историјата на полицијата и царината
Заплената на 745 килограми кокаин во пристаништето во Риека, вредна повеќе од 20 милиони евра, е најголемата заплена во историјата на хрватската полиција и царина кога се зборува за масовност, беше речено на прес-конференција во Управата на полицијата во средата.
Шефот на Националната полициска служба за сузбивање на корупција и организиран криминал (ПНУСКОК) Марио Ковач истакна дека заплените на царината и полицијата во изминатите три до четири месеци се импресивни, додавајќи дека некои од овие заплени се меѓу десетте најголеми во Хрватска, пренесува агенцијата КИНА.
„Уште еднаш докажавме дека како безбедносни сили сме подготвени да одговориме на исклучително комплицираните безбедносни предизвици, што дефинитивно е оваа форма на организиран криминал“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Словенија задолжителен божиќен бонус од најмалку…
Вработените во Словенија годинава ќе добијат задолжителен…
Под притисок на Хрватска, Црна Гора ќе…
Министерството за спорт и млади на Црна…
Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7…
Цените на станбените објекти во Хрватска продолжиле…
Падна мал авион кај Винковци, пилотот почина
Мал авион денеска претпладне се урна во…
Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…
Хрватска врши притисок врз кандидатурата на Црна…