Запленета пратка со 2.000 парчиња брендирана стока: Луи Витон, Монклер, Гучи и Диор

t

Речиси две илјади парчиња брендирана облека, обувки и женски чанти со потписот на Луи Витон, Диор, Монклер, Гучи, Версаче, Барбери, Мајкл Корс и други познати модни брендови се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничен премин Деве Баир.

Пратката, како што соопшти Царинската управа, била од Турција и требало да се транспортира до Босна и Херцеговина. Согласно направената процена, доколку овие производи се продаваат како оригинали, на пазарот нивната вкупна вредност би била 19,9 милиони денари.

„Контролата е спроведена по преглед на документација и сомнение во изјавата на возачот, при што во камионот се откриени 1.907 парчиња облека, обувки и чанти, сите со потпис на познати модни брендови. Против превозникот е поднесена пријава за повреда на право од интелектуална сопственост, а производите се запленети“, се наведува во оопштението.

Царинската управа, како што поочуваат оттаму, има значајна улога во заштита на правото од интелектуална сопственост и спречување нелегална трговија со фалсификувани производи и оттаму во континуитет презема мерки за спречување на ваквите криминални појави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…

Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…

НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…

Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…

ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…

Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…

ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…

Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…