Запленети се 7.800 евра кои македонски државјанин сакал нелегално да ги изнесе од државата

t

Инспектори од Служба за мобилни скенери спречија нелегален изнес на девизи на граничен премин Блаце во износ од 7.800 евра, откако при контрола на патник открија поголема сума непријавени девизи.

Како што информираат од Царинската управа, „лицето е македонски државјанин кој патувал со автомобил со чешки регистарски таблички. Истиот на прашање на царинските инспектори дали има нешто да пријави одговорил дека нема ништо, при што е извршена контрола на возилото каде во неговата ташна се пронајдени вкупно 9.800 евра. Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 2.000 евра, што македонски државјани можат да ги изнесат од државата без да ги пријават, а останатите се задржани“.

Против лицето е поднесена пријава за девизен прекршок.

Од Царина ги известуваат граѓаните дека при излез од државата можат да носат ефективни странски пари во износ од 2 илјади евра по лице.

Доколку изнесуваат девизи во износ од над 2 илјади евра, должни се да ги пријават на царинскиот орган со презентирање на потврда од банка или менувачница.

Девизи во вредност од над 10 илјади евра не е дозволено да се изнесуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Цариници спречија шверц на злато вредно…

Цариниците на граничниот премин Хоргош спречиле обид…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…