Запленети скии на Табановце
Царинската управа извести дека е спречен обид за нелегално внесување на 115 парчиња опрема за скијање на граничниот премин Табановце.
„Царинските службеници на влез на граничниот премин Табановце минатата недела спречија обид за нелегално внесување на разновидна опрема за скијање во вредност од околу 243 илјади денари, за која е избегнато плаќање на царински увозни давачки од 53 илјади денари.
Стоката е пронајдена при детален преглед на патничко возило со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, откако возачот изјавил дека нема ништо да пријави за царинска контрола. При извршената контрола, царинските службеници во багажникот на возилото пронајдоа 115 парчиња опрема за скијање, меѓу која: кациги, даски, скии, стапови, наочари, ранци и облека за скијање“, соопштија од Царина.
Против лицето е поднесена пријава за царински прекршок по член 263 од Царинскиот Закон, а стоката е привремено одземена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…