Започна изборната кампања: ЗНАМ во Крушево, ВМРО – ДПМНЕ во Скопје, СДСМ со митинг во Прилеп, Левица во Струмица..

t

На полноќ започна изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април. Кампањата ќе трае до полноќ на 22 април. На првиот ден од кампањата некои од кандидтите најавија промовирање и презентирање на изборната програма и отворање на изборни штабови.

Во Скопје денеска ќе биде промовиран Изборниот штаб на кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски. Вечер во 20 часот изборниот караван на Пендаровски ќе има централен митинг во Прилеп.

Голем митинг треба да оддржи и ВМРО – ДПМНЕ во 20 часот пред Владата на Република Македонија.

Кандидатот за претседател на државата од Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски кампањата ја почнува од Крушево каде во 13 часот каде ќе ја презентира програмата под наслов „Манифест за Македонија“.

Претседателскиот кандидат на Левица, пак, Билјана Ванковска, ќе ја презентира изборната програма на прес-конференција.

Во Струмица вечер, Ванковска, заедно со лидерот на Левица и носител на ИЕ 1, Димитар Апасиев, и носителот на ИЕ 4, Сашко Јанчев ќе се обратат во Домот на културата „Антон Панов“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелските медиуми со различни резултати од излезните…

Партијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху…

ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно вечерва на смена е Фрчковски,…

Очигледно вечерва во СДС на смена е…

Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…

Лидерот на главната опозициска партија во Албанија…

Песков: Путин и Трамп не разговарале за…

Претседателите на Русија и на Соединетите Американски…

Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…

На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…