Започна изградбата на булеварот „Македонија“ – Ѓорѓиевски се надева дека ќе заврши во неговиот мандат
Градежните активности на булеварот „Македонија“ во центарот на Скопје со кои се очекува да се намалат сообраќајните гужви, почнаа од денеска. Ќе се реализираат четири фази, од кои првата треба да заврши за 90 дена.
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски рече дека следната недела се очекува да започне и тендерската постапка за втората фаза.
„На почеток сме ана градежните активности на булеварот „Македнија“, нешто за што се говори години наназад, почнуваме со првиот од четирите чекори. Рокот на изведба е 90 дена, а од следната недела ќе ја почнеме тендерската постапка за втората фаза. Верувам дека веднаш по завршување на првата фаза, ќе започнеме со реализација на втората фаза, рече Ѓорѓиевски.
Тој се надева дека до крајот на неговиот мандат ќе заврши целосната изградба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…