Започна лидерската средба: Отсуствуваат само Апасиев и Касами – главна тема Уставните измени
Пред малку започна лидерската средба во Собранието на Република Македонија, средба на која главна тема ќе бидат уставните измени со цел влез на Бугарите во македонскиот Устав.
Од лидерската средба отсуствуваат само лидерот на Левица, Димитар Апасиев и претседателот на БЕСА, Билал Касами.
Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин пред почетокот на лидерската истакна дека ќе се разговара стриктно за уставните измени, но не и за предвремени парламентарни избори како што тврдеше опозицијата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврдеше дека во ниту еден случај нема да дозволи промена на Уставот и дека пратениците на ВМРО се последната брана од бугаризација на Македонците.
Ставот на Мицкоски се промени во последните теи недели откако тој истакна дека неговите пратеници би гласале за промена на Уставот доколку има соодветни гаранции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…