Започна Маршот за женски права во Скопје
Со пораките „Не сакаме тава, сакаме права“, „Денеска марш, утре штрајк“ и „Држава што не постапува е држава што убива“, попладнево на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје започна Маршот за женските права што се одржува во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 март.
Заштита, сигурност, социјална и здравствена правда, како и економска сигурност за жените, се дел од барањата упатени од маршот.
– Да се биде жена во Македонија е да се будиш секое утро во страв и да се прашуваш дали ќе го преживееме тој ден. Во 2023 година жените и девојките во државата ги мачат прашања кои ја прикажуваат реалната слика со родовата нееднаквост во земјата, изјави Ана Аврамоска-Нушкова проектна координаторка во Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.
Маршот треба да заврши во Паркот Жена Борец, пред Собранието, каде присутните ќе ги повторат своите барања до надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…