Започна судењето на родителите на Коста – масовниот убиец од ОУ „Владислав Рибникар“
Во Вишиот суд во Белград почна судењето на таткото и мајката на Коста Кецмановиќ кој на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ уби девет деца и чувар на тоа белградско училиште.
Во Палатата на правдата, пред која има голем број новинари, во придружба на адвокат дојде Миљана К., мајката на момчето која во овој случај е обвинета за чување и носење оружје, додека неговиот татко Владимир К. е донесен од притворот во кој се наоѓа од апсењето на 3 мај минатата година.
Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, пред почетокот на судењето изјави дека очекува законско и правично судење. Судот го прифати предлогот на обвинителството за исклучување на јавноста од судењето за да се заштитат правата и интересите на сите малолетни жртви во оваа постапка. Одбраната се спротивстави на тој предлог.
Обвинителството при предлогот за исклучување на јавноста зеде предвид кој е главниот интерес – дали преовладува интересот на јавноста да знае или интересот за заштита на малолетниците во оваа кривична постапка. Поради чувствителноста на оваа постапка, обвинителството смета дека главен интерес е заштитата на малолетниците.
Судот го усвои предлогот на обвинителството и покрај противењето на одбраната на обвинетите и одредени бранители на оштетените, кои побараа јавноста да присуствува на овој судски процес.
Семејствата на повредените ќе можат да присуствуваат на судењето, за разлика од новинарите или другите граѓани..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…
Хрватска од 1 март 2027 година воведува…
Тирана реагира зошто не се интонирала и…
Министерството за Европа и надворешни работи на…
Мицкоски: За две години пензиите зголемени за…
Премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната…
Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…
Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…
ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со…
Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста…