Започнува реконструкцијата на Граничниот премин Делчево

t

Започнува реализацијата на проектот за реконструкција и модернизација на Граничниот премин Делчево, соопшти градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски.

Проектот го реализира Царинската управа со финансиска поддршка од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош ИПА III, а предвидува реконструкција на повеќе објекти и инфраструктурни сегменти на граничниот премин.

Во рамки на проектот ќе се реконструира управната зграда на ГП Делчево, како и зградата за стоково царинење на терминалот. Предвидена е и реконструкција на асфалтните површини и подземните водови, како и дислокација и поставување нова дигитална вага за товарни возила.

Според Гоцевски, договорот за изведување на градежните работи е потпишан во јули 2026 година, со што се создадени услови за започнување на конкретните активности на терен.

Градоначалникот упати благодарност до Владата, Министерството за транспорт, Царинската управа и сите институции вклучени во реализацијата на проектот, како и до Европската Унија за финансиската поддршка.

– Особено ме радува што Делчево добива помодерен, пофункционален и подобро организиран граничен премин, кој е една од најважните порти на нашата општина и државата кон Република Бугарија и Европската Унија, истакна Гоцевски.

Тој оцени дека реконструкцијата ќе има значење не само за граѓаните кои секојдневно го користат граничниот премин, туку и за стопанството, транспортот и туризмот во Делчево и поширокиот источен регион.

Граничниот премин Делчево претставува важна патна врска меѓу Северна Македонија и Бугарија, а неговата модернизација, според локалната самоуправа, се очекува да придонесе за подобрување на условите за патници и товарниот сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…

Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…

Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…

Во масовно пукање во градот Ири, во…

Москва ја поздрави пораката на Трамп за…

Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…

По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…

Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива

Папата Лав XIV повторно се изјасни против…