ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА И ПРИВИЛЕГИИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА ЈА ГАЗАТ ВИСТИНАТА?
На денешното судско рочиште, градежните експерти ги оспорија наодите на вештакот на одбраната, кој, според кажаното на рочиштето, самиот признал дека нема стручни познавања од противпожарна заштита, а притоа занемарил сериозни неправилности во конструкцијата, доградбите, евакуациските излези и заклучените врати.
Првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, кој 13 години го водел објектот со бројни неправилности и сомнежи за корупција, денес преку спорно вештачење повторно се обидува да ја релативизира одговорноста!
И додека обвинителството реагира на доставувањето на списокот со сведоци на самото рочиште, се поставува прашањето: зошто судот дозволува постапување што отвора сомнеж за привилегиран третман на првообвинетиот?
Зарем 13 години толерирани неправилности не беа доволни? Зарем и по 63 згаснати животи ќе продолжиме со истите практики на оправдување и избегнување одговорност?
Ние ја плативме цената со крвта на нашите најмили! Нема да дозволиме нивната смрт да биде погребана под невистини, спорни вештачења и нови неправди!
Нашата борба е ниту еден родител повеќе да не ја почувствува нашата болка.
63 ЖИВОТИ НЕ СЕ ПРЕДМЕТ ЗА НАДМУДРУВАЊЕ!
ДОСТА БЕШЕ КОРУПЦИЈА, ПРИВИЛЕГИИ И НЕОДГОВОРНОСТ!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…
На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…
Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не…
Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка…
Топ ченел: Претседателот на Советот на Чаир…
Форумот на исламската младина во Северна Македонија,…
Јаковлева: Агенцијата за разузнавање не најде информации…
Директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,…
Имало решение: Девојчињата од Ѓорче Петров, кои…
На четирите тинејџерки против кои се водеше…