Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
По повод претстојната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, во Охрид денеска и утре на сила ќе бидат засилени безбедносни мерки и ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.
Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посетата.
Од СВР – Охрид информираат дека за реализација на активностите веќе се воспоставени контакти и координација со службите на локалната самоуправа, со правните субјекти задолжени за одржување на патиштата и улиците, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, јавните претпријатија и други релевантни институции.
Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид од денеска интензивно спроведува мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, особено по булеварот „Туристичка“, но и по други улици и сообраќајници каде што нема да биде дозволено запирање и паркирање моторни возила.
Сообраќајното обезбедување ќе ги опфати и магистралните, регионалните и локалните патишта од Охрид кон Свети Наум, заштитниот појас покрај патиштата, улиците во населените места, како и паркиралиштата во централното градско подрачје и во стариот дел на Охрид.
СВР Охрид упатува апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници на терен, со цел непречено одвивање на сообраќајот и безбедност на сите учесници.
Од полицијата препорачуваат граѓаните своите возила да ги користат само во неопходни случаи во периодот на спроведување на мерките, а доколку е можно да користат алтернативни превозни средства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…