Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети – санкционирани 33 лица
Вчера (10.09.2026), Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, во периодот од 17:00 до 21:00 часот, спроведе зајакната акциска контрола на целата територија на државата за санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на електрични тротинети.
“При контролата, констатирани се 33 прекршоци, поради некористење велосипедска патека, велосипедска лента или патека наменета за велосипедисти, управување со електричен тротинет од страна на лице кое не навршило 18 години, некористење рефлектирачки елек во случаи кога тоа е предвидено со закон и други прекршоци.
Дополнително, при контролата биле констатирани и 300 прекршоци од друг вид.
За констатираните прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени санкции согласно законските прописи.
Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување засилени контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи“, стои во соопштението од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ГЕРБ собира потписи за оставка на претседателката…
ГЕРБ собра 39 од потребните 80 потписи…
Силен земјотрес го погоди Тибет, загинаа 16…
Бројот на повредени во земјотресот со јачина…
Македонија била и си останува култ на…
Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври…
Денес се празнува Преподобен Теофил Струмички
Блажениот Теофил се родил од побожни родители…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно, во утринските часови ќе има…