Засилување: Британски и романски војници пристигнаа во Косово
Контингент од двесте британски војници од првиот баталјон на полкот на кралската принцеза од Велс и контингент од 130 дополнителни војници од Романија пристигнаа на Косово, соопшти КФОР.
Како што наведуваат на официјалниот профил на КФОР на Фејсбук, распоредувањето доаѓа по инцидентот од 24 септември и зголемувањето на тензиите во регионот, со цел да се подобри присуството на КФОР на северот на Косово и патролирањето по административната линија.
„Одлуката беше заснована на барањето на врховниот командант на НАТО за Европа и одобрена од сојузниците во Северноатлантскиот совет, како внимателен чекор да докаже дека КФОР има сила да го исполни својот мандат на ОН за одржување на безбедна средина и слобода на движење за сите луѓе на Косово“, се наведува во соопштението.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на 29 септември, по состанокот на Северноатлантскиот договор, најави дека Алијансата ќе ги зајакне своите трупи на Косово како дел од мисијата КФОР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
ВОНРЕДНА ВЕСТ: Итна воздушна тревога во шест…
Романскиот Генерален инспекторат за вонредни состојби (IGSU)…
Дали поранешен советник на Заев е вмешан…
Името на Виктор Петрушевски, поранешен советник на експремиерот…
Романија ги доби првите 2,5 милијарди евра…
Романија ја доби првата исплата од 2,5…
Курти: Секој километар пат што нè зближува…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…