„Засрами се Европа“: Докторка од Скопје реагира на долгите чекања на границите кон ЕУ
Долгите колони и повеќечасовните чекања на границите меѓу земјите од Европската Унија и државите кои не се членки повторно ја отворија дебатата за односот кон граѓаните од регионот.
Прим. спец. д-р Маја Кирјас, оториноларинголошки хирург на Универзитетската клиника за уво, нос и грло, преку објава на социјалните мрежи упати критика до европските институции, оценувајќи дека ваквиот третман е спротивен на вредностите за кои Европа со години се залага.
„Со години зборувате за човекови права, права на жените, мажите, децата, животните, за достоинство и еднаквост. А во меѓувреме ги заборавивте најосновните човекови права“, напиша Кирјас.
Таа посочува дека се создава впечаток на поделба меѓу граѓани од „прв и втор ред“, алудирајќи на разликите меѓу државјаните на земјите членки на ЕУ и оние од земјите надвор од Унијата.
„Создадовте систем во кој постојат граѓани од прв и втор ред – ЕУ и не-ЕУ. А што се луѓето од не-ЕУ земјите? Луѓе со помала вредност? Без достоинство? Без право на почит?“, прашува таа.
Во својата објава, докторката особено се осврнува на условите во кои патуваат семејства со мали деца, повозрасни лица и домашни миленици, кои со часови чекаат на граничните премини.
„На границите со часови, па и денови, чекаат мајки со бебиња, стари лица, деца и домашни миленици, изложени на жештини, замор и понижување, само затоа што се родени од ‘другата страна’ на линијата“, наведува Кирјас.
Таа порачува дека човековото достоинство не смее да биде условено од државјанството или од пасошот што некој го поседува.
„Човековото достоинство не смее да зависи од тоа каков пасош носите. Или човековите права важат за сите, или не важат за никого“, стои во нејзината објава.
Нејзиниот став предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде многумина споделуваат слични искуства со долгите чекања на граничните премини, особено во периодот на летните одмори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан 29-годишник дивеел во полициска станица: Откако…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе…
Поднесено обвинение против Ендрју Тејт за трговија…
Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот…
Млад кавадарчанец со фалсификувано свидетелство од скопско…
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци…
Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…