Застој на „Табановце“ и на „Богородица“, се чека во огромни колони

t

Вака изгелдаат граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ во последните неколку денови, километарски колони возила чекаат за влез и излез од државав. Во просек од Србија во Македонија возилата чекаат околу 45 минути. Ништо помалку не се стои на граничните премини и за влез кај нашиот јужен сосед Грција. Според информациите од Министерството за внатрешни работи граничните полиции на земјите од опкруѓувањрето се во постојана комуникација, со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба. Сепак последните нивни обработени податоци им се заклучно со 10 часот утрово.

„Денеска во периодот од полноќ до 10.00 часот на ГП Табановце, влез оствариле 416 државјани, а излез 544 македонски државјани. Влез оствариле 3.611 странски државјани, а излез 942 државјани.“ – МВР.

Од Авто мото сојузот на Македонија препорачуваат да се избергнува брзо возење, да се почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата.

„ Особено да се внимава на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.“ – АМСМ .

Докторите препорачуваат секогаш во возилата да се има овошје и доволно количество на вода во возилата се со цел да нема дехидрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…

Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…

Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…

Во масовно пукање во градот Ири, во…

Москва ја поздрави пораката на Трамп за…

Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…

По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…

Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…

Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива

Папата Лав XIV повторно се изјасни против…