Затвореник се заканувал со пиштол на подрачјето на Бит Пазар
Вчера во 17.30 часот во Скопје, било пријавено дека на подрачје на Бит Пазар настанала вербална расправија помеѓу Х.В.(56) и Н.В.(51) двајцата од Скопје. При расправијата Н.В. со огнено оружје упатил сериозни закани кон Х.В. и неговото семејство, а во еден момент извршил и оштетување на патничко возило „Голф“ сопственост на Х.В. Бидејќи Н.В. е лице кое издржува затворска казна во Казнено поправна установа „Идризово“, со наредба од Основен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом.
По насоки на ОЈО, лицето е однесено во Казнено поправна установа „Идризово“. По целосно документирање на случајот против Н.В. ќе биде поднесена пријава за сторени кривични дела по член 144 став 2 и член 133 од Кривичниот законик, „Загрозување на сигурноста“ и „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…