Затвореници цела недела ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта во државата

t

Од денес започна седумдневната работна акција која ќе трае до 22.07.2026 година во соработка со Управата на извршување на санкциите и ЈП Македонија Пат согласно потпишан Меморандум за соработка за работно ангажирање на осудени лица кои ќе помагаат за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта на целата територија на Република Македонија, информираа од Управата за извршување на санкции.

На денешниот настан увид извршија заменик-директорот на ЈП Македонија Пат, Александар Шуковски, Јован Петров и Љупчо Настоски од Кабинетот на Директорот на УИС, Александар Пандов.

Како што посочија од Управата, во оваа работна акција биле вклучени повеќе казнено-поправни домови и казнено-поправни установи, и тоа: КПД Затвор Идризово, КПД Затвор Штип, КПД Затвор Прилеп, КПУ Затвор Куманово, КПУ Затвор Битола, КПУ Затвор Скопје, КПУ Затвор Гевгелија, КПУ Затвор Струмица и КПУ Затвор Струга.

„Осудените лица кои се работно ангажирани на магистралните и регионалните патишта се во непосредна близина на казнено-поправните установи каде што ја издржуваат својата казна и истите се под постојан надзор на припадниците на затворската полиција“, додаваат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Албанија нема веќе средна класа –…

Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…

Пукање во Ѓорче Петров – нападнат 23-годишник

На 10.11.2026 околу 05:30 часот во СВР…

Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…

Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…

Над 136 илјади туристи ја посетиле Македонија…

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава…

Клиентите на Алта банка Србија можат да…

Банка Поштанска штедионица соопшти дека клиентите на…