Затворени два угостителски објекти во Тетово и Гостивар
На 19.03.2025 во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Државен пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување, извршија акциска контрола и презедоа координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел на сузбивање на недозволена трговија со дрога, посредување во вршење на проституција, перење на пари, коруптивни кривични дела од страна на службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти кои вршат угостителска дејност и други нелегални активности.
Извршени се контроли во 16 угостителски објекти (ТЕ-10 и ГВ-6), кај кои биле констатирани низа неправилности и од страна на ДПИ и ДЗС ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекти во Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…
Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…
Малолетник натепан од мајка му и сестра…
Гостиварчанка пријавила во полиција физички напад врз…
При контрола во угостителски објект во Тетово,…
На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за…
12-годишно дете нападнато во училиште во Гостивар
На ден 16.10.2026 во 16:20 часот во…
Слепите лица во Тетово без инфраструктура –…
Ова е сликата и светот низ кои…