Објавено на:

Затворени се Босфор и Дарданели или не? Русија не добила никакво известување за забрана за проток на бродови

t

Руската амбасада во Турција не добила никакво официјално известување од турска страна во врска со затворањето на морето за минување на руски воени бродови, соопшти амбасадата.


Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно на Твитер објави за затворање на морињата во Турција за руските воени бродови.


Сепак, тој во пораката не прецизира дали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја донел таа одлука или не.


Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу вчера, по повод повикот за затворање на морињата за руските бродови, изјави дека Анкара ќе ги почитува сите точки од Конвенцијата од Монтре и нема да применува двојни стандарди.


Претходно, украинскиот амбасадор во Турција Василиј Бондар изјави дека Киев бара од Анкара да ги затвори морињата, а Чавушоглу изјави дека Турција може да ги затвори Босфорот и Дарданелите, но дека руската страна има право да ги врати своите бродови во базата.


Според Конвенцијата од Монтре од 1936 година, Турција доби целосна контрола над Босфор и Дарданелите. Договорот гарантира слободен премин на цивилни бродови низ Црното Море во мирно време и го ограничува преминувањето на воените бродови кои не припаѓаат на црноморските држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…

Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…