Затворен за сообраќај патот Гевгелија – Богданци, се излизгала машина за чистење на снег

t

Поради излизгана машина за чистење на снег, денеска од 9:50 часот сообраќајот на регионалниот пат Гевгелија – Богданци е во прекин во двата правца, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Дежурните екипи на „Македонија пат“ работат на расчистување на сите државни патишта, информираат утринава од Министерството за транспорт.

Чистењето на патиштата во континуитет траело и во текот на ноќта, а целокупната механизација и работна сила на претпријатието со работа продолжиле и утринава.

Сообраќајот, додаваат од Транспорт, се одвива по влажни коловози на кои има остатоци од кашест снег.

Оттаму апелираат до возачите задолжително да имаат зимска опрема, внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и препораките на сообраќајните служби.

„Според информациите од УХРМ, врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава, затоа апелираме да се следи временската состојба и граѓаните кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта“, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и додаваат дека во континуитет ја следат состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен.

Исто така, оттаму апелираат до професионаланите возачи на тешки товарни возила да се информираат за условите на патиштата и препораките за сообраќај.

Од АМСМ, пак, информираат дека има активни забрани за движење на тешки товарни возила на неколку патни правци во земјата.

Забрана за движење на камиони има на патот Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Струмица – Берово, Пресека, Плетвар, Ѓавато, Струга – граничен премин „Ќафасан“, Делчево – граничен премин „Делчево“, како и на патот Тетово – Попова Шапка каде за патничките возила е задолжителна употреба на зимска опрема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…