Затворен за тешки товарни возила патот кон граничен премин Делчево

t

Патот до граничниот премин кон Република Бугарија кај Делчево е затворен за тешки товарни возила, информираа од подружницата на Макеоднијапат. За останатите возила сообраќајот се одвива непречено, со напомена дека за учесниците во сообраќајот задолжително е поседувањето зимска опрема.

Во Пијанечкиот регион сообраќајот на останатите патни правци се одвива по влажни коловози кои наместа во утринските часови беа под мраз.

Патот кон планината Голак, каде деновиве најмногу наврна снег во Делчевско, како што информираа од претпријатието е категоризиран како трет приоритет, поради што негово чистење е предвидено, во текот на наредниот ден.

Од претпријатието задолжено за одржување на патиштата апелираат дека патиштата се чистат по приоритети заради што апелираат внимателно возење и почитување на соодветната сообраќајна сигнализација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…