Објавено на:

Затворен руски опозиционер стравува по својот живот откако дознал за смртта на Навални

t

Затворениот руски опозициски политичар Илја Јашин откако дозна дека неговиот пријател и колега Алексеј Навални починал во затвор, вети дека ќе продолжи да се бори за демократија во Русија.

„Се додека моето срце бие во моите гради, ќе се борам против тиранијата. Се додека живеам, нема да се плашам од злото“, објави Јашин на социјалните мрежи.

Во декември 2022 година, Јашин беше осуден на осум и пол години затвор за, како што се наведува во обвинението, ширење лажни информации за руската армија.

„Се разбира, свесен сум за опасноста. Јас сум зад решетки. Мојот живот е во рацете на Путин“, додаде тој.

Јасин бил сојузник на Навални и близок со Борис Немцов, уште еден опозициски политичар кој бил убиен во 2015 година, пишува АФП.

„Ние делевме заедничка цел. Ги посветивме нашите животи Русија да биде мирна и слободна. Сега и двајцата мои пријатели се мртви“, вели Јашин.

Тој рече дека дознал за смртта на Навални во затворот во близина на Смоленск во западна Русија.

„Путин верува дека на тој начин ја воспоставува својата моќ – преку убиства, мачење и одмазда“, рече тој.

На Јашин, поранешен окружен советник во Москва, му беше судено поради видео објавено во април 2022 година на Јутјуб во кое тој разговара за доказите откриени од западните новинари за руските воени злосторства во Буча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канал 12: Нетанјаху можеби разгледува удар врз…

Израелскиот опозициски лидер Авигдор Либерман стравува дека…

ЗНМ ги осудува заканите по живот упатени…

„Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро…

„РУСИЈА ИМА 11 ВРЕМЕНСКИ ЗОНИ – КАКО…

Францускиот левичарски политичар Жан-Лик Меланшон предупреди на…

Жена пронајдена почината во Кисела Вода

На 21.11.2026 во 14:05 часот во СВР…

Мицкоски со клучни мерки за младите: Поевтини…

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски,…