ЗАТВОРИТЕ ПРЕПОЛНИ, УШТЕ ТИЕ ЗА КОВИД ФАЛАТ: Над 1.000 лица да отслужат тримесечна казна за непочитување на коронамерките

t

Во моментов има 2.600 упатни акти кои чекаат за реализација, а капацитетот во затворите е 2.200 и тој е веќе исполнет. Плус на овие бројки има уште 1.000 кои чекаат поради ковид-19, вели Директорот на Управата за извршување на санкции, Стојановиќ.

Директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 денеска рече дека досега има вкупно 1.000 граѓани кои чекаат упатен акт да одлежат тримесечна затворска казна поради тоа што ги прекршиле ковид-прописите.

– Сите овие пресуди како упатни акти да се вратат на повторно судење, тие луѓе се изложуваат на криминална инфекција за три месеци и прават непотребна гужва. Инаку, за две или три години нема да има намалување на гужвите по затворите – рече Стојановиќ.

Тој ги повика судовите повеќе да ја применуваат во овие случаи пробацијата како можност и да им дадат условен отпуст со заштитен надзор на овие категории.

– Во моментов има 2.600 упатни акти кои чекаат за реализација, а капацитетот во затворите е 2.200 и тој е веќе исполнет. Плус на овие бројки има уште 1.000 кои чекаат поради ковид-19 – додаде Стојановиќ.

Директорот вели дека не е во негова надлежност да зборува за тоа дали треба да се донесат законските измени за амнестија, но прашува како во тој случај ќе се обештетат тие што платиле казна или веќе ја издржале казната.

Стојановиќ алармираше дека во затворот во Идризово поради пренатрупаност со тоа што 50-тина лица спијат на душеци на под во ходниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Водовод“: Скопската вода е исправна

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје…

86-годишен татко и неговиот 60-годишен син се…

Двајца мажи од Гостивар, 86-годишен татко и…

„Пулс“ бил нелегално пренаменет во дискотека: Детали…

Според урбанистичко планската документација на Град Кочани…

Претседателката Сиљановска-Давкова помилува 25 осудени лица по…

По повод 2 Август – Илинден, претседателката…

„Политико“: Брисел подготвува нови правила за идното…

Европската Унија подготвува измени во правилата за…