Затворски казни за активисти на протестите во Србија – револтирани граѓани се собраа пред Владата
Тројцата активисти, учесници во вчерашниот голем протест против ископ на литиум и бор во Србија, добија затворски казни. Поради ова, пред зградата на Владата на Србија започна граѓански протест.
Активистот Иван Блејиќ е експресно осуден на 40 дена затвор за нарушување на јавниот ред и мир, а Никола Ристиќ и Јевгеније Јулијан Димитријевиќ добија по 30 дена затвор, исто така за нарушување на јавниот ред и мир.
Поради затворските казни на тројцата активисти, претставникот на организацијата „Не дамо Јадар“, Златко Кокановиќ ги повика граѓаните во 18 часот масовно да се соберат пред зградата на Владата на Србија.
фото: Zoran Glavonjic/RFE/RL
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…