Затишје пред бура? Мирна ноќ во Косово, попладне голем собир во Косовска Митровица!
Во општините на северот на Косово ноќта помина мирно по последните одлуки на Приштина и повлекувањето на Србите од сите косовски институции.
Во северниот дел на Косовска Митровица денеска напладне ќе се одржи митинг кај Споменикот на кнез Лазар. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во 21:00 часот ќе и се обрати на јавноста во врска со последните настани и потези на Приштина.
Група српски полицајци, припадници на косовската полиција вчера симболично ги соблече униформите. Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека Србите се „ставени во ќош“, и дека единствено што бараат е проведување на потпишаните договори. Брнабиќ најави дека србите на Косово ќе добијат поддршка од Владата на Србија
Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, посочи дека Србите ги напуштаат сите политички институции – собранието и владата на привремената управа во Приштина, како и четирите општини на северот на Република Косово и судството. властите, полицијата и администрацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…