ЗАТОА ВОЗИМЕ ПО ДУПКИ: Со парите од патарините во ЈП за државни патишта испиле 600 литри првокласно кафе

t

Јавното претпријатие за државни патишта располага со приход од плаќањето на патарините. Додека граѓаните приговараат дека цените на патарините не се соодветни со состојбата на патиштата, на несоодветен начин ги користи средствата собрани од граѓаните. – Пишува Мојзбор.

Во 2018 година на спектакуларен начин беше пуштен во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица. По овој ПР на тогашната влада, немавме прилика да гледаме уште едно такво театрално отворање на автопатишта или патишта во Македонија.

Во тек е изградбата на автопатот Кичево – Гостивар кој со години се гради, а во јавноста нема најава кога тој ќе биде завршен и пуштен во употреба.

Додека граѓаните уредно плаќаат патарини, а состојбата на патиштата не е сменета, одлучивме да провериме каде завршуваат парите на граѓаните.

  • Јавни набвки

Во електронскиот систем за јавни набавки на ЈП за државни патишта може да се забележи долгата листа на договори од јавни набавки што се направени во тек на изминатата година.

На прв поглед забележително е, дека најголем број од склучените договори се врзани со набавка на компјутерска опрема и електронска опрема за канцелариско работење. Во вртоглавите суми кои се потрошени за опрема и канцелариски материјали се одава впечаток дека претпријатието се занимава со телекомуникациски услуги, а не со градење државни патишта.

Од друга страна забележително е и дека голем дел од средставата за набавка се потрошени на безалкохолни пијалоци за вработените и набавака на кафе и чаеви од прва класа.

  • Според Договор за јавни набавки со архивски број 08-6808/4 во месец јили е направена набавака на 250 килограми мелено кафе Арабика, 300 килограми еспресо Арабика, 50 килограми расително кафе, 100 килограми рафиниран бел шеќер, 10 килограми алкохолен оцет (иако не е јасно за што се користи алкохолен оцет во тие количини за вработените во ЈП?), 100 килограми филтер чај и уште толку чаеви со специфични вкусови во кесички.

Буџетските средства во јавните набавки на ЈП за набавки на ЈП за државни патишта главно се алоцирани во набавака на топли напитоци, овошја и безалкохолни пијалоци за вработените, како и набавка на топли напитоци, овошја и безалкохолни пијалоци за вработените, како набавака на опрема. Во превод набавувани се средства и материјали кои обичните граѓани кои плаќаат патарини не можат да ги видат, ниту да ги користат дирекно нивните бенефити.

  • Секоја зима ЈП за одржување на магистралните и регионалните патишта е изненадено од пристигнувањето на снегот

Во 2021 година, ЈП за одржување на магистралните и регионалните патишта потрошило 177.000.000,00 денари на 15 кипер камиони опремени со специјална опрема за чистење на снег. Договорот е склучен со „Технокомерц АД Скопје“ и е заведен со архивски број 02/40-15 во месец април 2021 година.

Додека од „Македонија пат“ известуваат дека оваа опрема не е доволна да ги исчисти сите магистрални и регионални патишта од снег, денеска на автопатот „Пријателство“, како најважен и меѓународен автопат на територијата на Македонија можеше да се посведочи на неисчистен автопат, отежнат сообраќај, ризично патување, без присуство на возила и кипер камиони за чистење на снег или попрскување на патиштата со сол.

Останува отворено прашањето, доколку новите кипер камиони не работат на чистење на снег на главниот автопат во Македонија, на кој пат чистат и дали воопшто има некаква трага од нив?

Превземено од www.mojzbor.com

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Врнежи од снег на Попова Шапка, патиштата…

Врнежи од снег со среден интензитет на…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…