Зафатени 100 хектари со борова и дабова шума во пожар на Осоговските Планини

t

Нов шумски пожар избувна на падините на Осоговските Планини, во атарот на кочанското село Пресека. Во гаснењето се вклучени Територијалните противпожарни единици од Кочани и Македонска Каменица, како и службите од Шумското стопанство „Осогово“ и доброволците од ДПД – Кочани.

-Дејствуваме со триесетина луѓе повеќе од 15 часа на тежок, непристапен терен каде гори високостеблеста борова и дабова шума и ниска вегетација. На површина од 100 хектари пламените јазици достигнуваат и до 20 метри, а веќе се изгорени квалитетни борови стебла. Обид за локализирање на пожарот имаше и од воздух, со поддршка на хеликоптери што се под надлежност на Центарот за управување со кризи. Засега гасењето е неуспешно, истакна заменик командирот на ТППЕ – Кочани.

Според информациите од пожарникарите кои се наоѓаат кај селото Пресека, од пожарот е загрозена и викендичка во која престојувале луѓе.

Од ТППЕ – Кочани нагласија дека борбата со огнената стихија ќе биде тешка, а противпожарните единици на терен ќе останат и во текот на ноќта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масовна евакуација на домови и болници поради…

Во околината на Атина продолжува масовната евакуација…

Детали за пожарите низ Македонија: Гори речиси…

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека на Плакенска…

Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Емотивен статус на битолскиот пилот на „ер…

Васко Михалчев, еден од пензионираните пилоти на…