Објавено на:

Захариева: Ако Петков го тргне ветото за Македонија тоа ќе биде национално предавство

t

Бугарската министерка Теодора Генчовска во текот на неделата најави дека Бугарија води две надворешни политики – онаа на бугарското МНР и онаа на тимот за надворешна политика на премиерот Кирил Петков. Оваа тема во емисијата  „Зборувај сега“  ја коментираше Екатерина Захариева, сега пратеничка од ГЕРБ-УДФ инаку поранешна министерка за надворешни работи на Бугарија.

„Очигледно премиерот води надворешна политика за која МНР не знае и ми остави впечаток дека министерката Генчовска не е присутна на повеќето посети. Кога се и двајцата таму, а Петков има средба со премиерот на РСМ, чудно е што Генчовска не е присутна“, рече таа.

Захариева смета дека Кирил Петков се заложил да се откаже од ветото за членство на РСМ во ЕУ.

„Знаеме дека пред неколку дена министерот Бујар Османи за нивните медиуми изјави дека се подготвува документ кој е речиси готов за потпишување, но јас ова го разбирам како да се очекува да биде потпишан на меѓувладината средба“, рече таа.

Според неа, ГЕРБ има информации дека на почетокот на мај се подготвува нова меѓувладина средба.

„Заложбата што премиерот очигледно ја презеде ќе доведе до тоа договорот што Бугарија го одржува со години да биде уништен. Тој не се осмелува да го каже тоа на јавна расправа во Бугарија, бидејќи повеќето Бугари ќе го сметаат тоа за национално предавство.

Захариева објасни дека правно е можно бугарската влада – Министерскиот совет да ја смени преговарачката рамка и да каже „да“ за падот на ветото пред Европскиот совет без согласност на парламентот.

„Се надевам дека нема да успее, бидејќи има уште декларација на парламентот, ако не сака да го уништи овој национален договор и ако не сака бугарските граѓани да го сметаат за национален предавник, подобро е да дојде во парламентот и да слушне што велат народните избраници“, рече таа.

Екатерина Захариева зборуваше и за вчерашната средба на бугарската делегација со Бугарите во РСМ.

„Нашите сонародници беа загрижени и имаа јасни пораки до премиерот – Бугарија да го укине ветото само кога ќе им се гарантираат правата“.

Според Екатерина Захариева, власта е во целосно недоразбирање – само ги бламира партиите, уништува кворумите во комисиите – и обично тоа го прави опозицијата.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

3axapиева ифpит лyта на Петков: Пендаровски две…

Посакувам наместо господинот Кирил Петков да оди…

(Видео) Захариева го искара Петков: Пендаровски две…

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија…