Објавено на:

Захариева: Брзото кревање на ветото ќе им нанесе штета и на Бугарија и на Македонија

t

Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија и сегашен пратеник Екатерина Захариева (ГЕРБ) денеска изјави дека пребрзото кревање на ветото ќе им нанесе штета на Бугарија и на Северна Македонија.

Таа во разговор за БГНЕС ја коментира намерата на бугарскиот премиер, Кирил Петков, предлогот на француското претседателство за кревање на ветото да го препушти на одлучување во собраниската Комисија за надворешна политика, што, според неа, е помошно тело на парламентот.

„Кирил Петков влезе во играта на РС Македонија, давајќи ѝ ветување дека ќе направи компромиси кои нема да ги одразуваат интересите на Бугарија. И Бугарија и граѓаните на РС Македонија ќе загубат од избрзаното укинување на ветото. Во нивен интерес е да се реформира РС Македонија. Во нивен интерес е историјата да ја знаат таква каква што е, а не измислената историја што е создадена за да ги оддалечи од Бугарија и од бугарството“, вели Захариева.

Таа оценува дека кревањето на ветото ќе бил своевиден подарок за Владимир Путин.

„Со своите постапки и говор, Кирил Петков ги поткопува напорите на Бугарија за реформирање на С Македонија и Путин ќе добие сојузник во една европска држава“.

Според Захариева, Франција не може да ги гарантира барањата на Бугарија доколку тие не влезат во преговарачката рамка и не бидат одобрени од сите земји членки на ЕУ.

„Дел од пропагандата на Скопје е дека ако не почнат преговори, тоа ќе ги приближува до Русија. Всушност, тие никогаш не се оддалечиле. Тоа е наш проблем и тоа многупати сме им го кажале на нашите европски партнери“, вели Захариева во разговорот за БГНЕС.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…

Македонија и Бугарија имаат најмали цени на…

Сезоната на пролетните одмори е пред нас…

Урнебесно – Само во Бугарија: Жена паркираше…

Постара жена го „слетала“ автомобилот на друг…

Грците и Бугарите живеат најскромно од цела…

По десет години „финансиско чистилиште“, Грците конечно…