Захариева: Голема грешка е да се стопира европскиот пат на Македонија
„Би била голема грешка повторно да се стопира европскиот пат на Македонија. Мора да се инсистира да се спроведе преговарачката рамка“, вака изјавила за „БТВ“ поранешната шефица на бугарската дипломатија и потпретседателка на партијата ГЕРБ, Екатерина Захариева.
Според неа, правилна одлука е прифаќањето на францускиот предлог од страна на ЕУ за преговарачката рамка со Македонија.
„Ова ја ескалира ситуацијата во Македонија на некој начин, што уште еднаш кажува дека овој предлог е правилна одлука. Тамошните власти треба да се обидат да ја смират тензијата, а не да ја ескалираат. Додека не го признаат проблемот и не почнат да работат, нема да го решат“, рекла Захариева.
Според неа, барањето на лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов да се врати ветото им помага на радикалите во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…