Захарова: Амбасадата на САД е зафатена со социјалните мрежи наместо со преговори за размена на затвореници
„Русија е подготвена да преговара за размена на затвореници со САД, но американската амбасада во Москва се грижи само за одржување на социјалните мрежи“.
Ова го изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таа истакна дека американските дипломати, наместо да одржуваат контакти со руските претставници, влегуваат во некакво „медиумско лудило“ и снимаат голем број видеа.
– Факт е дека американската амбасада во Москва, наместо да ги извршува директните службени обврски, повеќе е вклучена во некакво медиумско лудило. Објавуваат видеа и „смешни слики“ за руското раководство и политичари во индустриски размери. Постојано изјавивме дека сме подготвени за преговори за одлучување за судбината на осудените американски државјани во Русија и Русија во САД – напиша Захарова во Телеграм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Централните банки забрзано купуваат злато: Се преиспитува…
Централните банки ширум светот ги зголемуваат набавките…
Ројтерс: Иран подготвил планови за напади врз…
Иран подготвил детални планови за напади врз…
Зајкова: ЛДП нема да отстапи од барањето…
ЛДП е целосно независна, идеолошки автентична и…
Австрија протерува четворица руски дипломати поради безбедносни…
Австриското Министерство за надворешни работи соопшти дека…
Начевски: Да не беше Заев, Филипче немаше…
Коста Начевски, долгогодишен член на СДСМ и…