Објавено на:

Захарова вели: ЕУ и САД направија робови oд украинскиот народ!

t

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска на Радио Спутник изјави дека акциите на земјите од Европската Унија и САД ја довеле Украина во позиција на ропство во однос на Западот.

Захарова ги коментира зборовите на германската министерка за надворешни работи, Аналена Бурбок, која тврди дека изјавата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, дека Русија „ќе му помогне на народот на Украина да се ослободи од антинародниот и антиисторискиот режим на Киев“ укажува на намерата на Русија целосно да ја потчини Украина.

„Можам да ѝ одговорам дека акциите на нејзината земја, заедно со акциите на земјите од ЕУ и САД, ги направија Украина и украинскиот народ целосно ропски зависнa од западните земји“, рече Захарова.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пред два дена рече дека Москва е решена „да им помогне на Украинците да се ослободат од товарот на овој апсолутно неприфатлив режим“.

Лавров ги обвини Киев и западните сојузници дека „шират пропаганда со цел Украина да ѝ стане вечен непријател на Русија“, пренесува АП.

„Рускиот и украинскиот народ ќе продолжат да живеат заедно. Ние секако ќе му помогнеме на украинскиот народ да се ослободи од режимот, кој е апсолутно антинационален и антиисториски“, додаде Лавров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…