Захарова: Компромисот меѓу Белград и Приштина со западните гаранции е тешко одржлив
Компромисот меѓу Белград и Приштина со гаранции од Запад тешко може да се нарече одржлив, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува Спутник.
„Компромисот постигнат со цврсти гаранции од Запад тешко може да се нарече одржлив. За Србите е игнорирано суштинското прашање за формирање на Заедницата на српските општини, која треба да биде ефикасен инструмент за остварување на нивните права и безбедност во услови на систематски прогон на национална основа“, рече Захарова.
Како што истакна таа, додека Приштина не ја исполни оваа клучна обврска, која ја саботира веќе десет години, ситуацијата ќе остане исто толку кревка со постојана опасност од повторна ескалација.
Како што може да се види од изјавите на косовските власти, тие немаат намера да се откажат од идејата насилно да ги контролираат деловите од покраината населени со Срби, истакна портпаролката на руското Министерство.
„Многу добро ја знаеме цената на какви било гаранции од Западот. Ова го видовме многу пати во Украина, на Балканот и во други кризни жаришта. Сè додека и покрај договорите за деескалација, на кои инсистираат САД и ЕУ, клучните прашања на Косово остануваат нерешени, не е можно да се постигне трајно решение. Посредувањето на ЕУ во дијалогот не дава резултати, преговорите се бесмислени, што и дава можност на Приштина да го зајакне својот антисрпски курс“, заклучи таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…
Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа…
Алкохол нема да се продава по 21…
Во Сплит стапи на сила нова одлука…