Објавено на:

Захарова: Нека побараат од Украина да им го појасни регрутирањето на британските државјаните за учество во борбите

t

Британските власти треба да бараат од украинската амбасада во Лондон да им го појасни регрутирањето на државјаните на Обединетото Кралство за учество во борбите во Украина пред да и се истапуваат со заканувачки коментари за Русија поради смртните казни изречени во Доњец, порача во неделата портпаролката на министерството за надворешни работи, Марија Захарова.

„А се прашаа ли колку апликации добила амбасадата на Украина во Лондон на регрутирањето платеници, меѓу кои и британски доброволци? Можеби се интересирале колку пријави биле поднесени: Не, не сте се интересирале? Е треба да се заинтересираа“, изјави Захарова во емисија на руската национална телевизија.

Според неа, не само Велика Британија, туку и другите западни земји кои „одеднаш дознаваат“ дека нивни државјани се заробени или уапсени во борбите во Украина, треба да ги разјаснат параметрите на активностите на украинските амбасади на нивните територии.

Захарова истакна дека кога Русија пред западните земји го поставила прашањето за јавните огласи и списоци за наводни доброволци кои војуваат на страната на украинските единици, „одговорот секогаш беше јасен, дека тие (украинските амбасади (работат нормално и без противречности“.

„Доколку тие работат нормална работа со регрутирањето на вашите граѓани и испраќањето (на боиштето), какви други прашања може да се поставуваат. Во крајна линија, вие самите придонесовте за тоа“, заклучи Захарова.

Во првата седмица од јуни судот во одметнатата доминантно руска источна украинска област Доњецк ги осуди британските државјани Шон Пинер и Ејден Еслин, како и Мароканецото Саадн Брехи, на смртна казна. Сите тројцата признаа вина за „учество во агресијата на Украина“ во кои загинаа цивили и со цел да се преземе власта во самопрогласената Народна Република Доњецк.

Челникот на проруските сепаратисти Денис Пушилин минатата седмица изјави дека властите на Велика Британија и Мароко сѐ уште не се обратиле до властите во Доњец во врска со осудените платеници.

Судот ги прогласи за виновни за „платенички активности и здружувања со цел насилно да се преземе власта и собори уставниот поредок на ДНР“, додека Доњецк и другите градови секојдневно се под ракетни и артилериски напади од украинската сила.

Британија тврди дека Еслин и Пинер биле обични војници, кои веќе неколку години се бореле на страната на Украина каде „имале намера да основаат семејства“, и дека на нив треба да се примени Женевската конвенција за заштита од прогон поради учество во војна.

Истовремено проруските сепаратисти посочуваат дека практиката на Западот од 2014 година, а особени од минатата година, е своите професионални војници и команден кадар да го испраќаат во редовите на украинските сили, како наводни регуларни војници. Двајцата Британци и Мароканецот, според судот во Доњецк, како и другите странски борци учествувале во најтешките злосторства, а осудените имаат еден месец да го искористат правото на жалба за пресудата.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медведев го подбра Шолц: Германецот лаже и…

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј…

Зеленски: Не смееме да дозволиме непријателот да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците…

Русите влегоа во Авдеевка од нов правец,…

Руските трупи влегле во Авдеевка од нов…

Германската буџетска криза нема да пречи на…

И покрај буџетската криза со која се…

Русија-Египет: Признавање на Палестинската држава ќе значи…

Претседателите на Русија и Египет, Владимир Путин…