Захарова: Нема тајни преговори меѓу Русија и САД
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги демантираше информациите дека претставници на САД имале тајни разговори со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Претходно Ен-Би-Си објави дека поранешни американски функционери во април имале тајни разговори со рускиот министер за надворешни работи за да се постават темелите за преговори за ставање крај на конфликтот во Украина.
„Оваа дезинформација се дистрибуира во западните медиуми“, напиша Захарова на Телеграм, пренесува RT.
Рускиот министер за надворешни работи претходно посочи дека руските власти сметаат дека е невозможно да се откажат од целите кои беа поставени на почетокот на Специјалната воена операција и предупреди дека колку подолго Киев и Западот ги одложуваат преговорите, толку потешко ќе да се постигне договор.
„Многу е жално што светската јавност нема доволно желба да создаде услови за водење сериозни преговори меѓу Русија и Украина. Мирните преговори ќе се случат само кога Русија ќе види дека клучните земји на Западот, пред се САД, имаат презеде сериозни чекори, предложи нова безбедносна архитектура која ќе ги заштити Западот, Европа, Русија и Украина и кога Русија ќе добие јасни гаранции дека Украина нема да влезе во НАТО, а Украина ќе добие гаранции за ненапаѓање“, рече тогаш Лавров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…