Захарова: Не смее да се дозволи во Србија да завладее хаос
Руското Министерство за надворешни работи денеска по повод тримесечните протести во Србија соопшти дека не смее да се дозволи во оваа земја, која веќе се соочува со бројни надворешни и внатрешни предизвици, да завладее хаос, „изразувајќи надеж дека Србија ќе ги реши проблемите на мирен начин“.
„Исклучително е важно демонстрантите, пред се лидерите на јавното мислење, да покажат здрав разум и да не ги следат оние што будат емоции. Во Србија не смее да се дозволи да завладее хаос во врска со ова. Земјата се уште се соочува со бројни надворешни и внатрешни предизвици“, изјави Марија Захарова, портпаролка на Министерството.
Во одговорот објавен на сајтот на руската Амбасада во Белград, Захарова наведува дека „расколот е најопасна работа“ и додава дека „раководството на Србија прави се за да спречи драматичен развој на настаните“.
– Безбедносните органи постапуваат професионално, почитувајќи го правото на народот на мирен собир. Преземени се сериозни чекори за решавање на несогласувањата, имајќи ја предвид загриженоста на граѓаните. Гледаме дека властите ги слушаат најважните сигнали. подготвеност за директен дијалог со сите во рамките на политичкиот процес – рече Захарова.
Таа истакна дека тоа е „единствениот правилен начин да се постигне универзален договор во интерес на заштита на суверенитетот, националното достоинство и традиционалните вредности, зачувување на внатрешната стабилност во државата и обезбедување на нејзиниот територијален интегритет во однос на Косово“.
– Убедени сме дека српскиот народ ќе успее да ја зачува братска Србија како независна, самоодржлива, угледна држава и нема да дозволи земјата да го изгуби својот лик. Го цениме нашето пријателство со Србија и сакаме таа што поскоро да ги реши своите проблеми на мирен начин – заклучи Захарова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…